ЕЛ: Во Белград се игра завршниот Ф-4
елград од денес до недела е домаќин на завршниот турнир во кошаркарската Евролига. За трофејот ќе се борат актуелниот првак Фенербаче, најпријатното изненадување оваа сезона Жалгирис, односно двата најтрофејни клуба во елитното натпреварување Реал Мадрид и ЦСКА Москва.
Заврниот турнир ќе го отврат Фенербахче и Жалгирис. Двата тима имаат по една титула во Евролигата. Фенер е актуелен првак, лани во Истанбул ја освои титулата со победата над Олимпијакос 80-64.
Втората полу-финална двојка ја формираа најтрофејните тимови во Лигата на шампионите, односно Евролигата.
Мадридски Реал има девет европски титули, седум во периодот од 1958 до 1987 година, а три откако се играат завршните турнири. Последен пат Реал бил европски првак во 2015 година. Тогаш во финалето, во Мадрид, Реал го победи Олимпијакос 78-59.
ЦСКА Москва, во ерата пред завршните турнири четири пати биле европски шампиони, а во новата евролигашка ера имаат три трофеи. Послден пат „армејците“ бил шампиони во 2016 година, кога во Берлин, славеа над Фенербахче 101-96.
Евролигата најавува спектакл во „Штарк“ арената во Белград, а уште вчера беа делегирани судиите за полу-финалните дуели.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка