Кошарка
4. December 2015 - 8:55

ЕЛ: Олимпијакос на врвот

Кошаркарите на Олимпијакос со победата над Милано од 73-63 избија на врвот во Б-групата од Евролигата.

Грците губеа во првото полувреме од расположениот гостин од Италија но во вториот дел со цврста игра во одбраната му го нанесоа на Милано 6. пораз во групната фаза. Строубери со 16 поени беше прв играч во победничката екипа.
Во оваа група Цедевита  загуби од Ефес со 76-81 додека Лаборал славеше убедливо над Лимож со 92-56.