Фудбал
3. April 2016 - 0:00

Eл класико за Реал Мадрид

Фудбалерите на Реал Мадрид ја совладаа Барселона на „Ноу Камп“ со 2:1, во вечното дерби на шпанскиот фудбал. Реал, во Барселона, славеше со пресврт и со играч помалку на теренот. „Кралскиот клуб“ ја забележа првата победа во Барселона по сезоната 2011/2012.

 

Второто сезонско „Ел Класико“ можеби не ги оправда очекувањата, но донесе многу возбудувања, Барселона имаша повеќе шанси, но Реал со исклучок на почетните 20 минути, тактички го надигра противникот. Многу коментари ќе предизвика и арбитражата на главниот судија Хернандез Хернадез, кој направи неколку почетнички грешки.

Барселона го доживеа првиот пораз оваа сезона на домашен терен и ја прекина низата од 39 натпревари без пораз во сите натпреварувања. Пред Реал, последен тим кој славеше против Барса беше Севилја на 3.октомври минатата година.

Барселона во првите 15 минути пропушти две добри шанси, Луис Суарез ја промаши целтата топка, во ситуација кога требаше само да ја спроведе топката во празната мрежа. Веднаш потоа Ракитќ упати добар удар, но Навас успеа да одбрани.

Реал, во првиот дел се закани два пати, преку Роналдо, еден негов удар одбрани Браво, а вториот заврши над голот.

Тактиката на Зидан, во првото полувреме целосно ги изолира тројцата најопасни играчи во тимот. Каземиро заврши голема работа во дефанзивата, бидејќи на минимум го сведе влијанието на Меси врз играта на Барселона.

Каталонците сигурно долго чќе зборуваат за спорната ситуација во 24.минута, кога Рамос го собори Меси на работ од шеснаесетникот, но судијата не се огласи. Доколку Хернандез досудеше фаул ќе мораше на Рамос да му го покаже вториот жолт картон.

Слично сценарио имаше и вторито дел Барселона ја имаше топката повеќе, но нападите на Реал беа многу поконкретни и поопасни.

Барса го отвори резултатот во 56 минута, Ракитиќ изведе корнер, Пике му избега на Пепе и од осум-девет метри ја закова топката во голот.

Реал се врати во мечот седум минути подоцна, Марсело повлече контра го проигра Крос кој нафрли кон Бензема, а францускиот репрезентативец погоди со ножички.

По постигнатите голови мечот влезе во мирна фаза, ритам кој им одговараше на Каталонците, бидејќи очигледно беше дека играчите немаат свежина.

На десет минути до крајот, нова спорна ситуација, Бејл погоди со глава во нафрлувањето на Роналдо, но неговиот гол беше поништен поради наводен фаул во скокот врз Алба. Веднаш по поништениот гол опасен удар упати Роналдо.

Реал во 84-та минута остана со играч помалку, Рамос го собори Суарез поради што го доби вториот жолт картон. Веќе во наредната минута Роналдо го замолкна „Ноу Камп“, Бејл нафрли, Португалецот успеа да ја прими топката крај Дани Алвес и да го совлада Браво.

По 32.коло, Барселона останува лидер со 76 бодови, шест повеќе од Атлетико и седум од Реал.