Македонија
21. јуни 2019 - 16:15

Ел Чека објави нови разговори, албанската опозицијата бара одговорност од институциите

По најновата бомба на Ел Чека, алијанса на албанците тврди дека Али Ахмети и Садула Дураку, договарале прикривање на убиец кој убил невин човек, а тоа од нив го побарал актуелниот вице премиер за европски интеграции Бујар Османи. Ги повикуваат правните институции  и СЈО што поскоро да го разгледаат материјалот, да ја утврдат неговата веродостојност и да се отвори истражна постапка за функционерите на ДУИ кои го имаат прекршено законот.

Албанците во текот на овој период очекуваа дека овие функционери од ДУИ барем да поднесат оставка од морални причини од нивните партиски и државни позиции, и да подлежат на правна постапка. Несфатливо и ненормално е однесувањето и молчењето на власта, поточно молчењето на СДСМ и премиерот Заев, кој, како што некогаш ги поштеди функционерите на ДУИ, но изгледа дека тоа се повторува бидејќи сега се покажува индиферентен кон новите прислушкувани разговори, и наместо да создава можности и услови за нивно гонење на оние функционери кои го прекршиле законот, изгледа дека овие недели не живее во државава.

Изнесеното од страна на Алијансата за Албанците, и нејзиниот портпарол, во кои се посочува моето име како дел од некаква објава на нелегално снимен телефонски разговор е целосна шпекулација и измислица , реагрираше вицепремиерот Османи.

Ниту сум бил вклучен, ниту сум учествувал во активностите кои ги посочува Алијансата и нејзиниот портпарол, ниту пак јас сум оној што е спомнат на нелегалната снимка. Оваа целосно лажна вест има за цел да го наруши мојот политички кредибилитет, како предводник на Европските интеграции во земјава, што со оглед на чувствителноста на периодот, претставува штета што ѝ се нанесува и на земјата, се вели во соопштението од неговиот кабинет. 

Од МВР велат дека досега е отворена постапка за неовластено објавување на снимани материјали од фејсбук профилот ЕЛ Чека, а за се друго ќе постапат според насоките од ОЈО.

Случајот “Ел Чека” засега е во рацете на Кичевското обвинителство, кое кичевчанецот кој живее во Чикаго го гони за прислушување и неовластено објавување на телефонски разговори. Ел Чека веќе месец дена објавува телефонски разговори преку социјалните мрежи, кој според него, ги добил од дел од обвинетите за Диво Насеље, кои се во затвор.