Свет
20. July 2019 - 21:51

Ел Чапо пристигна во Алкатраз: Наркобосот животот ќе го помине во ќелија од која ќе може да го види само небото

Мексиканскиот наркобос Хоакин Ел Чапо Гузман влезе во затворот во Колорадо познат како „Алктараз од Карпестите Планини“ за да почне да ја издржува доживатната затворска казна плус 30 години, откако е осуден за криумчарњењ на тон кокаин, хероин и други дроги во САД, како и за планирање на убиства.

Затворот со висока безбедност Супермакс, се наоѓа на 185 километри од Денвер и има околу 375 затвореници и е познат по тоа што од него никој не успеал да побегне откако е отворено во 1994 година, пренесува Ројтерс.

Гузман се приклучи на листата на озлогласени криминалци како што се Тед качински, познат како Унабомбер, кој преку писма бомби уби три, а рани 23 лица, потоа учесниците на заверата од 11 септември Заркави Мусави, Тери Николс осуден за бомбашкиот напад во Оклахома Сити и бомбашот од Бостонскиот маратон, Џохар Царнајев.

Затворот е наречен Алкатраз од Карпестите Планини според славниот затвор во Сан Франциско, меѓу чии затвореници беше и големиот гангстер Ал Капоне.

Како и останатите затвореници, Гузман најверојатно ќе биде затворен 23 часа дневно во самиц со тесен прозорец висок околу 107 сантиметри, поставен толк високо што низ него се гледа само небото.

Се очекува во неговата келија да има телевизор, а ќе може да гледа религиозни и едукативни програми.

Специјалните рестрикции се користат за да не можат затворениците да го шират своето влијание или да упатуваат закани надвор од затворот.

Затворениците не можат да се движат низ затворското земјиште без придружба, а ги пребројуваат најмалку шест пати дневно.

Гузман два пати бегаше од мексиканскиот затвор, па тка од 2017 година е испорачан на САД, беше отсечен од надворешниот свет бидејќи американските власти го држеа во самица во затвор со висока безбедност, а на судењето одеше во придружба на голем број стражари.