Спорт плус
12. December 2017 - 15:37

ЕЛ: Австрија повторно во нашата група

Нашата машка одбојкарска репрезентација повторно ќе игра против Австрија во новото издание од Евролигата. Според извлекувањето во Лозана со Македонија и Австрија ќе играат уште и Летонија и Косово. 

Нашата репрезентација досега повеќе пати има играно против Австрија со која има остварено победи од по 3-1 во два наврати во 2014 година и тоа на гостински терен додека во 2015-тата во Скопје ги победивме исто така два пати без загубен сет. 

Минатата година во полуфиналето на Ф-4 што се играше во бугарскиот град Варна ги совладавме Австријците со 3-2.  Со Летонија и Косово Македонија нема дуели во групната фаза на Евролигата. 

Австријците ни се стар „муштерија“ во Европската лига, додека со Летонија и Косово првпат ќе се соочиме во групната фаза
 
Македонија три години во низа игра во финалето на Европската лига и го освојува сребрениот медал.