Свет
15. April 2019 - 11:29

Еквадор: Асанж ја користеше амбасадата за шпионажа

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж неколкупати ги прекршил условите за азил и се обидел да ја искористи амбасадата на Еквадор во Лондон како центар за шпионажа, рече претседателот на Еквадор, Ленин Морено, објави Еуроњуз.

Во четвртокот лондонската полиција го приведе Асанж од амбасадата откако Еквадор го повлече своето право на азил по седум години поминати во таа амбасада. Ова го одредува патот за неговата екстрадиција во САД за едно од најголемите протекување на доверливи информации.

Морено ги негираше пред британските медиуми дека тој дејствувал во знак на одмазда. Тој изрази жалење што Асанж ја користел амбасадата да интервенира во демократијата на други земји.

-Секој обид за дестабилизација е неприфатлив за Еквадор бидејќи ние сме суверена држава и ја почитуваме политиката на секоја земја, нагласува Морено во и-мејл до медиумите.

-Не можеме да дозволиме нашата амбасада, која  ги отвори вратите, да стане центар на шпионажа, рече претседателот.

Бранители на Асанж одговорија дека Еквадор го предал на Вашингтон и дека престанокот на неговото право на азил е незаконско, и тоа означува „мрачен момент во слободата на новинарството”.