Свет
6. December 2015 - 12:46

Екстремисти во Европа внесуваат материјали за масовно уништување

Терористите од „Исламска држава“ ангажирале стручњаци кои би спровеле напади во западните земји со користење на оружје за масовно уништување, се наведува во извештакот на Европскиот Парламент, кој го пренесува „Дејли меил“.

Весникот наведува дека во извештајот е наведено дека терористичките групи во следните напади во Европа би можеле да користат хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни материјали, кои, како што се тврди, незабележано се внесуваат во Европската унија.

- ИСИС веќе се стекна со знаење, а во некои случаи и со стручњаци, кои ќе им овозможат да користат радиолошко-хемиски-биолошки материјали како оружје на теророт, вели Волфганг Рудишаузер, експерт за подрачјето контрола на ширењето оружје за масовно уништвање при НАТО.

Годишно се забележани околу 150 случаи на криумчарење на нуклеарни или радиолошки материјали во ЕУ.