Македонија
5. March 2021 - 15:05

Екстрадиран Игор Спасов

Поранешниот полициски службеник Игор Спасов пред малку беше екстрадиран во Македонија и вратен во затворот Идризово на доиздржување на 14-годишната затворска казна за убиството на младиот Мартин Нешковски во 2011-та на скопскиот плоштад.

Екстрадицијата на Спасов следи откако тој на 1 февруари годинава беше приведен од страна на бугарската полиција во Софија по пријава за семејно насилство.

Спасов за македонските истражни органи стана недостапен во 2019-та кога го напушти затворот во Идризово поради здравствени проблеми и потреба од операција и оттогаш му се изгуби секаква трага.

За издржување на затворската казна на Спасов му преостануваат уште 7 години и 3 месеци.

 

Деспина Тодоровска