Бизнис
11. May 2017 - 19:42

Експретитае заговараат зголемување на данокот на добивка

Воведување на прогресивен  данок односно зголемување на данокот на добивка за големите компании, предлагаат дел од аналитичарите. Не прецизираа за колку точно треба да се зголеми данокот за нив, но посочија дека не може компаниите кои имаат големи добивки да плкаќаат ист данок на добивка со малите фирми и граѓаните. Уште една причина поради која  сметаат дека треба да се зголеми данокот на добивка за овие компании е и тоа што во однсо на 2015 година лани е регистрирано намалување на учеството  на средствата од данокот на добивка и тоа од 2,1 на 1,8 отсто.

- Во 2016 година намалени се средствата во буџетот од данок на добивка, а се зголемени од пероснален данок. Тоа покажува дека има простор да се направата корекции. Може би е потребно да се направи нова даночна математика кај фирмите кои имаат добивка над 6 милиони и нагоре, рече Павле Гацов, економнски аналитичар.

Експертите уште еднаш посочија дека потребно е да се зголеми и прагот за регистрирање  на  ДДВ обврзник  кои пред три години беше намален од два на еден милион денари.

Македонија влегува во групата на земји кои имаат најниска стапка на данок на добивка од 10 проценти.  Светскиот просек изнесува 25 отсто, Европскиот 20 проценти. А во САД данокот на добивка изнесува 40 проценти.