Свет
25. March 2019 - 11:34

Експлозија во Мјанмар, најмалку 16 загинати

Најмалку 16 лица загинаа, а 48 се повредени денеска при експлозија во магацин за градежен материјал и плински боци во градот Монхмао, во источниот дел на Мјанмар.

Повредените во силната експлозија се веднаш згрижени во најблиските болници, а меѓу нив има повеќемина што се наоѓаат во животна опасност.

Истрагата околу причината за несреќата е во тек.