Бизнис
17. November 2021 - 18:07

Експлозија во ХЕЦ Вруток, најголемата хидроцентрала не е во функција

Експлозија се случила во хидро-електраната Вруток, дознава Фактор.

Станува збор за најголемата хидроелектрична централа во Македонија која е под системот на АД Електрани на Македонија.

По проблемите со термо-производството во РЕК Битола каде што се прават напори да проработат два блока и изминатиот период имаше пожар и пукање на цевка, сега проблеми се случуваат и во хидропотенцијалот.