Свет
13. March 2018 - 10:50

Експлозија во Газа откако поминал конвојот на палестинскиот премиер Хамдалах

На пат во Газа се случи експлозија откако помина конвојот со палестинскито премиер Рами ал Хамдалах, соопштија палестинските власти.

Премиерот Хамдалах, како што се гледа на телевизиските снимки, е неповреден и ќе продолжи со планираните активности.

Се уште не е позната причината за експлозијата.