Свет
11. August 2018 - 10:25

Експлозија во фабрика за оружје: Загина едно лице, другото се бори за живот

Најмалку едно лице загина во експлозија на фабрика за воена опрема во Британија по што изби пожар, јавија денеска британските медиуми.

Во експлозијата во Солзбери уште едно лице е потешко повредено. Како што се наведува, пожарот е ставен под контрола и не претставува закана за луѓето кои живеат во таа област.

Портпаролот на полицијата соопшти дека повреденото лице е во критична состојба.

Пожарот го гасеа противпожарни екипи.

Во прашање е фабрика која произведува опрема за воени бродови и летала.

Причината за експлозијата засега е непозната, а истрагата е во тек.