Loading Video...
Свет
12. January 2019 - 16:28

Експлозија во центарот на Париз, најмалку 4 лица загинаа, повредени 47

Најмалку четири луѓе, меѓу кои двајца пожарникари, загинаа во експлозија во пекарница во центарот на францускиот главен град, Париз.

Властите велат дека експлозијата била предизвикана од истекување на природен гас. Во инцидентот се повредени 47 луѓе, од кои 10 се во критична состојба.

Околу 200 пожарникари биле испратени да го изгаснат пожарот и да ги евакуираат луѓето од блиските згради, изјави за новинарите министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер.

Париз со зголемена готовност го очекува деветтиот протест на „жолтите елеци“. Делови од центарот на градот се затворени со полициски барикади.