Свет
12. May 2017 - 11:49

Експлозија во центарот на градот Рим

Во центарот на Рим денеска одекна експлозија, но најверојатно никој не е повреден, јавија италијанските медиуми.

Детали за експлозијата се уште не се познати.

Инцидентот се случи во близина на пошта и можно е да било писмо-бомба или пакет-бомба.

Во близина на експлозијата се наоѓа и зградата на Обединети нации.