Македонија
19. July 2019 - 14:39

Експлозија при пожар во рафинерија - најголема симулативна вежба на институциите

17 институции со координативна вежба симулираа гаснење на пожар во рафинерија и на пругата кај Миладиновци. 

Во вежбата беше вклучена сета расположлива механизација на подрачните служби и авионите на ДЗС. 

Директорот на ДЗС смета дека преку вакви симулации ќе ја покренат свеста кај населението од опасноста која може да биде предизвикана. 

Причина за пожарот во вежбата беше искра од вагон а пламенот откако се прошири во сувата трева се префрли во рафинеријата каде експлодираше резервоар со гориво при што беа повредени 9 лица.

 

Мирјана Давидовска