Loading Video...
Балкан
2. April 2018 - 19:27

Експлозија пред домот на црногорски новинар

Бомба експлодира  пред куќата на црногорски новинар во центарот на Бјело Поле. Експлозивната направа била поставена под  автомобил паркиран пред куќата во чија близина се наоѓа и зградата на вишиот суд. Возилото  имало белградски регистарски таблички.

Во  моментот на екепслизијата   новинарот  на телевизијата Вјести  Сеад Садиковиќ не бил дома.  

Црногорската полиција истражува за кого била наменета бомбата. 

Поради зачестените бомбашки напади и пресметки на криминални групи во Црна Гора  заседаваше  советот за национална безбедност.

Советот оцени дека безбедносната состојба во држават е сериозно влошена и  побара   од надлежните служби формирање заеднички специјализирани тимови со задача поефикасно справување со организираниот криминал.

ЕМИЛИЈА ШТЕРЈОВ