Свет
24. December 2016 - 20:27

Експлозија пред црква на Бадник, 16 повредени

Шеснаесет лица од кои пет тинејџери и еден полицаец се повредени во експлозија пред католичка црква во градот Мидсајап, Филипини.
 
Неидентификуваната направа била поставена во полициско возило кое се наоѓало пред црквата, истакнале од полицијата без да наведат кој е одговорен за екплозијата.
 
-Сите жртви имаат полесни повреди, освен една жена која е многу сериозно повредена, изјавил портпаролот на регионалната полиција.
 
Безбедносните сили ширум Југоисточна Азија се во приправност пред божиќните и новогодишните празници. Засега ниедна организација нема преземено одговорност за нападот, но познато е дека во таа провинција се активни муслимански бунтовници и исламски екстремисти.