Свет
4. January 2020 - 19:30

Експлозија на проектили во Багдад каде се наоѓа американската Амбасада

Проектил експлодира во силно обезбедуваната Зелена зона во ирачкиот главен град Багдад во близина на американската Амбасада, јави Ал Арабија.

Сите улици кон зградата на американската Амбасада се затворени.

Дел од западните медиуми јавија за експлозии на два проектила. Две ракети експлодираа во ирачка база во која се сместени и американски војници. Тоа го соопштија официјални претставници на силите за безбедност на Ирак.