Свет
1. September 2016 - 17:08

Експлозија на платформата за лансирање во вселенскиот центар „Кенеди“

Силна експлозија е регистрирана на платформата за лансирање во вселенскиот центар „Кендеди“ кај Кејп Канаверал во Флорида, јавува Си-Ен-Ен.

Засега не е познато кои се причините за експлозијата.

Првите слики од спејс центарот покажуваат високи и густи облаци од чад, како се надвиснати над платформата.

Нема сознанија за повредени или за човечки жртви.

Инцидентот се случил додека компанијата Спејс Икс се подготвувала да лансира ракета.

Спејс Икс користи ракети Фалкон 9 за снабдување на меѓународната вселенска станица.

https://