Балкан
24. November 2015 - 9:18

Експлозија на бомба покрај канцеларија на Бизнис федерацијата на Грција

Бомба експлодира денеска покрај канцеларијата на Грчката бизнис федерација во центарот на Атина.

Во експлозијата се скршени прозорците на објектот, но нема повредени, соопшти полицијата и додаде дека нападот е дело на локални групи.  

Експлозивната направа која е активирана со тајмер била ставена во ранец во близина на влезот на Федерацијата и експлодирала во 3:30 часот по локално време.

Триесет минути претходно бил упатен анонимен повик до весник, изјави претставник на полицијата.

Полицијата го блоклираше регионот, а во зоната работат тимови на деминери.