Македонија
12. јуни 2018 - 17:39

Експлозија на бојлер предизвика пожар во зграда во Дебар маало

Три семејства од Дебар Маало останаа без дом, ја загубија покуќнината откако изби пожар во стан од последниот на последниот кат од станбена зграда. Повредени за среќа нема.

Во последен момент сите успеале да побегнат од огнот.

Станарите за Сител раскажаa дека пожарот се појавил во бањата од каде брзо почнал да се шири наоколу. Се обиделе со ПП апарат да се спротистават на пламените јазици, но безуспешно.

 Поражникарите работеа во отежнати услови бидејќи според командантот се работи за станови дуплекс чие подкровје е изградено од дрвена конструкција па пожарот на брзина се проширил и во соседните објекти.

Пожарот беше целосно изгаснат по три часа интервенција на 15 пожарникари кои гаснеја со 7 цистерни возила.