Балкан
23. December 2015 - 17:04

Експлозија на аеродром во Истанбул

Ескплозија избувнала на истанбулскиот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ во зоната каде што се паркираат авионите. Две лица, кои го чистеле аеродромот, се повредени, но причините за експлозијата остануваат нејасни, пренесе БТА.

Подоцна едниот од повредените им подлегнал на здобиените повреди.

Експлозијата се случила во 2.05 часот синоќа по локално време, кога во зоната немало патници. 

Работата на аеродромот продолжила нормално. 

Аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ се наоѓа во азискиот дел на Истанбул.