Свет
1. јуни 2017 - 22:23

Експлозија и пукотници во Манила

Во познат комплекс во Манила одекнаа експлозии, а се слушнало и пукање, пренесе Си-Ен-ЕН Филипини.

Маскиран напаѓач отворил оган врз гости и  вработени на вториот кат од еден хотел што се наоѓал во рамки на комплексот, пренесе Си-Ен-Ен Филипини.

На лице место се наоѓаат полиција, противпожарни возила и специјални екипи.

Комплексот „Ресорт Ворлд Манила“ се наоѓа во Њупорт Сити, стамбен и трговски центар во Манила.

Во рамки на комплексот се наоѓаат хотели, ресторани, барови, пазар, кино, театар , казино....