Свет
24. May 2019 - 18:57

Експлозија бомба во Лион, шест повредени

Во центарот на Лион на улицата Виктор Иго, меѓу плоштадот Белкур и железничката станица Лион-Пераш, околу 17 часот и 40 минути експлодира бомба, јавува дописникот на МИА.

Според министерството за внатрешни работи, шест лица се повредени.

Експлозивната направа била рачно направена. Овој трговски дел на градот е опколен од силите на редот.

Префектуарта на Лион ја потврди експлозијата и бара поради безбедност на граѓаните да го избегнат овој сектор.