Свет
18. February 2019 - 11:38

Експлозии во Доњецк: Две одекнале во близина на хотел во кој се наоѓа ОБСЕ

Три експлозии одекнале во Доњецк, од кои две биле во близина на хотелот во кој се наоѓа мисијата на ОБСЕ.

Официјален претставник на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ изјави дека се случиле три експлозии и моментно се врши истрага. Според првичните информации, нема повредени лица.

Претставникот истакна дека експлозиите се резултат на напади од украински дронови.

На местото на инцидентите се наоѓаат голем број припадници на безбедносните сили и истражни екипи.