Свет
21. August 2015 - 18:09

Експлозии, силување, убиства: Ова ќе ви го долови „имигрантскиот рај“ кој владее во Шведска

Видео извештајот од медиумската куќа РТ за само три минути ќе ви ја покаже состојбата во „мултикултурниот имигранстки рај“ во Малме Шведска, каде пукањето, силувањето, експлозии на бомби, калашникови и рачни гранати станаа секојдневие. Малме е вистинскиот пример за тоа што ќе се случи на другите европски градови доколку не се прекине со неконтролираниот прилив на имигранти.

Веќе долги години во медиумите се појавуваат приказни како Шведската полиција во конфликт со крајната имбелциска и издајничка власт изгубила контрола над својата земја. Исто така секој момент се појавуваат потполно контрадикторни вести каде од една страна имаме извештаи во кој имигрантите прават тешки и брутални криминални злочини и непречено учествуваат во сите можни облици на криминал, до таа мерка што гетата се претворија во зони во кои не стапнува полиција, а од друга страна тие исти медиуми пропагираат спасување на имигрантите на Медитеранот и нивно донесување во „мулти-култи“ рај наречен Шведска каде дури со закон е забрането критикување на одлуките на властите за таа иста имиграција.

Токму масовната не-европска имиграција од земјите на Блискиот исток и Африка е причината на сеопштиот хаос и енормното растење на насилството, ама за тоа и понатаму се ќути, а што е уште полошо никој не превзема мерки против тоа.