Балкан
10. December 2016 - 10:21

Експлодираше воз со пропан бутан, четворица мртви

Четири лица загинаа, најмалку 25 се хоспитализирани, многумина од нив со тешки повреди, кога товарен воз кој превезувал течен нафтен гас излета од шините и експлодираше во селото Хитрино, во североисточна Бугарија, соопшти утрово бубарската полиција.

Во експлозијата уништени се и околу 20 објекти, пренесува Танјуг.

Според дел од бугарските медиуми, некои објекти се уште горат, зафатени од пожарот настанат од експлозијата, која се случи во 04.40 часот.

- Не очекуваме друга експлозија, а во тек е евакуација на луѓето од селото Хитрино, информира претставник на полицијата.

Како што се наведува, полицијата присилно ги евакуира луѓето кои одбиваат да заминат од своите домови.

На гаснењето на пожарот и потрагата по преживеани ангажирани се 150 пожарникари, а полицијата истражува како дошло до инцидентот.