Македонија
13. February 2017 - 12:20

Експлодираше ќумбе во стан во Скопје, еден пожарникар се задушил

Во Скопската населба Даме Груев улица Лука Геров, синоќа околу 23 часот изби пожар. Според неофицијалните информации, истиот од вториот кат се проширил низ зградата. Причинител е ќумбе кое експлодирало во стан на вториот спрат.

Присутна беше полиција и три возила на противпожарна бригада, две возила на итна помош.

Во чадот се задушил само член на противпожарна бригада, бидејќи, боците со кислород биле надвор од употреба.

 Причинета е штета, но нема посериозни повредени или загушени од чадот.