Македонија
30. October 2019 - 8:13

Експертски состанок за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права

Експертски состанок на тема „Европските стандарди во полето на човековите права – извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права“ денеска ќе се одржи во Скопје.

На настанот, кој е во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“ – Програма за владеење на правото во Југоисточна Европа и Институтот за општествени истражувања МК-91, ќе учествува владиниот агент за застапување пред Европскиот суд за човекови права, како и претставници на академската заедница, адвокатурата, медиумите и невладините организации.