Македонија
21. December 2016 - 16:10

Експертската јавност реагира - одлуката на Управниот суд е политичка и противзаконска

Одлуката на Управниот суд за поништување на гласањето во Теарце е противзаконска, смета професорката по уставно право Тања Каракамишева. Во изјава за Сител таа вели Упарвниот суд воопшто не ни требало да ја разгледува одлуката на Државната изборна комисија која е донесена надвор од сите законски рокови.

После сите оценки на домашните и странски набљудувачи дека изборите на 11 декември минаа без никакви нерегуларности, според професорката Каракамишева одлуката на Управен е последниот очаен обид на СДСМ на дело да ја поништи волјата на граѓаните изразена на фер и демократски избори.

Дека овие избори поминале во фер и демократска атмосфера сведочат и жителите на Теарце. Тие велат дека ниту виделе нита пак слушнале за некакови нерегуларности.

Проблеми и нерегуларности во текот на изборниот ден не забележале ниту членовите на избирачкиот одбор на гласачкото место 2011 во Теарце.

На избирачкото место 2011 во Теарце во Избирачкиот список се запишани вкупно 714 гласачи. На 11 декември гласале вкупно 404 гласачи, од кои 91 за ВМРО-ДПМНЕ, 87 за СДСМ, 65 за БЕСА, 64 за ДПА, 53 за ДУИ, 25 за Алијансата на Албанците и по еден за ВМРО за Македонија и за Коалицијата за промени и правда.

За СДСМ да добие еден пратеник повеќе во 6-та изборна единица, потребно е да добие 300 гласа повеќе, што во пракса би значело останатите политички партии да освојат многу мал број или ниту еден глас.