Македонија
19. December 2018 - 16:18

Експертската јавност очекува поддршка во грчкиот парламент, договорот од Преспа е клучот за напредок на Македонија

Не е лесно да се  смени негативнотот мислење кое повеќето  граѓани на Грција  го имаат за  Преспанскиот договор, признава универзитетскиот професор  Сотирис  Сербос.   Тој објаснува дека проблемот лежи во слабата информираност на грчката јавност, но и на политички манипулации кои се чести во времето на предизборието.

И покрај ваквата ситуација, грчкиот професор  е оптимист дека јавното мислење со време ќе почне да се менува. Тој очекува повеќе дебти и дискусии во грчкото општество  по ратификацијата на преспанскиот договор во парламентот во Атина.

 Професорот  Дујовски  се согласува дека примената на догворот е клучна  за напредување на  мМакедонија   кон ЕУ и НАТО , но и за  стабилноста на регионот, за што се потребни и реформи во безбедносниот сектор.

Последните анкети покажуваат дека  70 проценти од Грците се против договорот од Преспа.