Македонија
19. July 2018 - 16:12

Експертска анализа: Зошто консултативен референдум и дали прашањето е јасно или манипулативно?

Експертите се со спротивставени ставови. Дали сте за влез во НАТО и ЕУ со прифаѓање на договорот за името, според Петар Арсовски е комплицирано, но добро рефередумското прашање. Според Владимир Божиновски, граѓаните мора да знаат за што точно гласаат.

Разликата помеѓу консултативен и обврзувачки референдум е огромна вели Божиновски. За Арсовски пак карактерот на рефердумот е небитен доколку партиите се обврзат дека ќе ја почитуваат волјата на граѓаните.

Според членот 8 од Законот за реферндум, одлуката донесена на референдум за консултирање на грашаните не е задолжителна. Членот 29 пак од истиот закон, предвидува прашањата за стапување или истапување од сојуз со други држави како што се НАТО и ЕУ,  мора да имаат задолжителен карактер. И во двата случаи референдумот се смета за успешен само ако излезат 50% плус еден гласач.