Експертите советуваат: Никогаш не пијте кафе во овие два часа
Нутриционисти откриваат кога во текот на денот треба да избегнуваме да пиеме кафе.
Кафето е еден од најпопуларните пијалаци ширум светот, вообичаено постои навика да се пие во утрински часови. Ова посебно се однесува на вработените луѓе кои го користат кофеинот за брзо разбудување.
И додека го обожаваме вкусот, но и ефектите од кафето, експертите истакнуваат дека консумирањето на овој пијалак во текот на утрото може повеќе да наштети, отколку од него да се има корист.
Имено, имајќи предвид дека кофеинот го зголемува вниманието и будноста, тој истовремено ја зголемува количината на хормонот на стресот кортизол во телото. Сепак, проблемот е во тоа што нивото на кортизолот се зголемува кога ќе се разбудиме, па ако пиете кафе, дополнително се зголемува лачењето на овој хормон.
Со самото тоа, ако пиете кафе два часа по будењето, можете да го поттикнете телото да стане имуно на кофеинот. Поради тоа, кафето треба да се пие помеѓу 9.30 и 11.30, бидејќи во овој период, главно, нивото на кортизол е нешто пониско.
Кога станува збор за вечерните часови, препорака на здравствените работници е да не се пие по 17. 30, за да избегнете несоница.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација