Македонија
3. November 2015 - 16:57

Експертите сметаат дека Бан Ки Мун и Нимиц очекуваат победа на Груевски на изборите

Во зборовите на медијаторот Метју Нимиц се гледа дека тој верува дека ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски ќе победат на априлските избори, анализира експертската јавност.

Во интервјуто за грчкиот весник Катимерини, специјалниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации, истакна дека премиерот Никола Груевски е сериозен и интелигентен политичар кој го познава спорот со името од сите аспекти.

,,Многу години ја следам работата на премиерот Груевски. Многу е сериозен и фокусиран на тоа што го работи. Тој е интелегентен соговорник, со силни лични карактеристики. Тој е ефикасен и искусен лидер, и секако го познава проблемот од сите аспекти".

Нимиц додаде дека генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун повикал проблемот да се реши во следните 15 месеци, до крајот на неговиот мандат.

Според познавачите на политичките прилики, ваквата изјава се надоврзува на

анкетите на Брима Галуп и Институтот за Политички истражувања кои покажаа убедлива предност на за  ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Груевски пред СДСМ и Зоран Заев.