Македонија
6. March 2017 - 16:30

Експертите по безбедност: Специјалната војна која се води во Македонија е за нејзино редефинирање и целосна поделба на крајот

Еспертите се едногласни: Македонија е мета на специјална војна, а главната цел на платформата на Еди Рама е промена на името на државата.

Според нив, барањето за двојазичност на целата територија, промена на знамето, химаната и државниот грб, значително ќе ги ослабат позициите на државата, со што многу полесно ќе издејствува промената на името. Затоа во Македонија се форсира формирање на тиранска влада.

Токму решавање на спорот за името во согласност со европските вредности се бара и во три точки од тиранската платформа која ја прифати Заев.

„Усвојување заедничка и обврзувачка Резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија се обврзува активно да се вклучи во процесот за решавање на спорот со името“

„Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција“

„Брза интеграција во НАТО и во Европската унија – исполнувањето  на горенаведените точки ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отварање на преговорите за членство во Европската унија“.

Преку овие точки од платформата, според експертите се само параван зад кој се крие главната цел, МАкедонија да го смени уставното име и идентитетот. 

Дека Заев прифатил воведување двојазичност на целата територија со која ќе бидат опфатени македонските пари, униформите на војската и полицијата, а предвидени се и парични казни од 3 до 5 илјади евра за непочитување на законот.

Дел од договорот меѓу СДСМ и ДУИ предвидува и донесување на одлука со која ќе се осуди геноцидот врз Албанците во Македонија помеѓу двете светски војни.