Бизнис
14. November 2018 - 21:23

Експертите не се сложуваат со држваната мерка практиканството да трае и до една година, корист ќе имаат само работодавачите

Експертите не се согласуваат со мерката на Владата практиканството да трае и до една година, а при тоа да биде платено минимално. Сметаат дека од тоа полза ќе имаат само работодавачите. Според нив, најдобро е практиканството да биде дел од образовниот процес.

“Мислам дека тоа е една од мерките што газдите особено ќе ја употребуваат. Меѓутоа е мерка што лично мислам дека ќе биде особено непопуларна, односно нереална кон практикантите. Нема да бидат во работен однос и нема да ги имаат правата од работен однос”, изјави Раде Ненадиќ, Агенција за посредување при вработување.

За надлежните мерката е оправдана, зашто во тој период практикантот повеќе учи, а малку придонесува за работењето на фирмата. За експертите, пак, подолгорочната пракса е корисна само ако се работи за производствен процес.

“Бидејќи многу повеќе се учи додека се работи на машина, отколку од книги, од тетратка или што се слуша на час на предавање. Едно е кога се слуша теоретски, а друго во пракса”, вели Ненадиќ.

Законот овозможува пракса за младите до 29 години. Притоа, во првите 6 месеци да зимаат само по 6.000 денари, а во следните 6 месеци по 12.000 денари, без платени придонеси.