Живот
22. March 2017 - 13:44

Експертите го открија рецептот за совршена врска која трае цел живот

Нема личност која барем една во животот не се запрашала што е тоа нешто поради кое некои луѓе имаат совршени врски кои траат цел живот.

Експертот Џејмс Прис, тврди дека тоа е сличната смисла за хумор.

"Ако имате слична смисла за хумор, ќе може да ја видите забавната страна во поголем дел од ситуациите во кои ќе се најдете и ќе бидете многу поопуштени во врска со тоа што животот ќе фрли пред вас. Помалку ќе се расправате а повеќе ќе се цените."

"Кога заедно можете да се смеете на истите работи, побрзо ќе се зближите и ќе станете силен пар", рекол тој.

Со него се сложува и основачот на страницата за онлајн запознавање еХармони, Грант Лангстон, кој вели дека смислата за хумор е најважна карактеристика која луѓето ја бараат кај парнерот.