Македонија
19. February 2019 - 16:32

Експертите бараат од владата да одлучи каков модел на администрација е најдобар за држвата

Последните случаи на непотизам во државните институции се само потврда дека во Македонија преовладува политичката дискриминација. Токму работните односи се и областа во која Комисијата за заштита од дискриминација прима најголем број пријави.

Експертите велат - владата мора да донесе одлука каков модел на јавна администрација сака да има.

“Ќе имаме како францускиот модел,  каде има професионална компетентна јавна администрација, која е ослободена од политизација. Ако се одлучиме за германскиот модел за целосна политизација на администрацијата, тоа треба јавно да го кажеме...”

Политичката дискриминација изразрена преку непотизмот, но и останатите видови на нееднаквост во општеството бараат посветеност на институциите, која се покажува со имплементација на законите. Македонија половина година чека на Собранието да го усвои новиот Закон за недискриминација, изработен по сите европски стандарди.

“Очигледно кај пратениците не постои согласност...”

Донесувањето на овој Закон е само дел од препораките кои произлегоа од денешната четврта сесија за социјална политика и вработување во рамките на Националната конвенција за ЕУ.

За засилување на механизмите кои би ги спречиле разните видови на дискриминација во Македонија, потребни се и промени во Законот за работни односи, како и реформа на породилното отсуство.