Бизнис
1. September 2017 - 19:56

Експертите бараат државата да биде пример за она што го бара од фирмите - редовно плаќање на обврските

Кога некоја фирма ќе задоцни со плаќање на данок само еден месец, УЈП издава решение за прислна наплата и ја блокира сметката на фирмата, иако фирмата би платила камата во меѓувреме. Од друга страна, кога државата должи на фирмите поврат на ДДВ, или исплата на фактури, фирмите немаат механизам за присилна наплата, и со тоа се доведени во целосно нерамноправна положба во однос на државните институции.
 
Државата е најголем должник во Македонија. Според последните достапни податоци, таа должи над 300 милиони евра. Овој долг ја згарозува ликвидноста на компаниите, заради него имаат проблем да си ги сервисираат другите обврски, а немаат начин како да си ги наплатат парите. 
 
Експертите велат дека и државата и фирмите мора најдоследно да го почитуваат законот. Кога фирмите должат, државата мора да наплати, но истовремено државата мора да биде пример за редовоно плќање на своите обврски. 
 
„Сериозноста на една држава, меѓудругото се покажува и преку навременото исполнување на обврските кон приватниот сектор. Приватниот сектор, така да кажам, влегол во замка да направи набавка, да се изложи на ризик кон своите добавувачи за да обезбеди некоја работа за која треба да му плати државата. Затоа е уште поголем ударот, бидејќи сметате дека имате сигурен должник односно купувач, а потоа се случува ненавремено плаќање, или воопшто не можете да си извршите наплата, како што се случува многу пати. Во наредна фаза, државата мора да обезбеди уште посилен механизам за да ја зајакне финансиската доверба, за никој да не се сомнева дека ако работи за државата ќе се доведе во ситуација да не му биде платено“, вели даночниот експерт, Павле Гацов. 
 
Oд Министертсвто за финансии велат дека работат на проблемот. „Прв чекор кон негово решаваење е транспарентноста. Ова е веќе направено, утврдени се неплатените обврски на институциите, општините и јавните претпријатија. Во моментов Министерство за финансии договара со Светска банка проект за справување со обврските и развивање на механизми за нивно спречување во иднина. Дополнително, Министерството става посебен акцент на редовниот поврат на ДДВ“, стои во писмениот допис од Министертсвто.
 
И во претходниот период имаше обиди да се реши проблемот со наплатата преку Закон за финансиска дисциплина и Закон за задолжница, кој сепак, не се однесуваше на долговите на државата. Овие обиди не дадоа резултати.
 
Познавачите велат дека новата Влада треба што поскоро да најде начин да се раздолжи со стопанството за фирмите да можат да продолжат со работа.