Македонија
23. September 2020 - 16:48

Експертите бараат да се изградат институционални капацитети за да нема посилен удар на короната

Потребно е зајакнување на капацитетите на институциите за справување со евентуален нов бран од корона епидемијата.

Една од најголемите слабости во општеството е токму констатираната мала доверба на граѓанството во институциите токму тие недоследности водат до случаи луѓе да не носат маски, не почитуваат прописи, не веруваат во информациите, последица на нивните стекнати уверувања дека не секогаш институциите им ја соопштуваат вистината смета професорот на Факултетот за безбедност Мојаноски.

Професорот Ѓуровски потенцира дека потребни се активности за спречување евентуален втор бран на епидемијата од здравствен да прерасне во безбедносен ризик, кој може негативно да влијае врз економската безбедност и загрозување на основните човекови права.

На меѓународната конференција „Евроатланските вредности на Балканот„ од аспект  на процесот на европска интеграција на државата беше посочено на потребата од внатрешно и надворешно помирување, меѓу граѓанството внатре во земјата и надминување на отворените прашања во односите со соседите.