Македонија
18. November 2016 - 16:21

Експерти: Зоран Заев е свесен дека со самото тоа што сака од СДСМ да направи албанска партија, се коси со одредбите од рамковниот

Со изјавите за двојазичноста, новиот Рамковен договор, федерализацијата и обвинувањата на сметка на Македонија за односите со соседите, Заев го крши уставот и прави повеќе кривични дела, смета професорката по Уставно право Тања Каракамишева.

Според Каракамишева, целта на Заев е да ги наруши позициите на ВМРО-ДПМНЕ по изборите кога како победник ќе треба да преговара со ДУИ за составување на идната влада. Заев, според неа, е свесен дека не може да победи, но сака да ја продолжи кризата и по изборите.

По неколкуте интервјуа и јавни настапи во земјава на кои Заев говореше дека ќе поддржи двојазичност и промена на уставниот поредок, последните радикални изјави ги даде пред дијаспората во Швајцарија.

И аналитичарот Никола Србов порача дека идеите на Заев водат кон физичка делба на државата, се нарушува унитарноста и безбедноста. Особенос е опасни и тезите според кои Макаедонија е виновна што Грција не го признава нејзиното име, што Бугарија го оспорува јазикот а СПЦ не ја признава афтокефалноста на црквата.