Бизнис
26. October 2017 - 19:42

Експерти: Зголемување на персоналецот нема да го даде очекуваниот ефект

Воведувањето на прогресивното одданочување нема да ги даде очекуваните ефекти.  Напротив може само да ја зголеми даночната евазија, сметаат екпертите. Од друга страна, ниту бенефитот врз буџетот нема да биде голем, затоа што се очекува да се соберат само 40 милиони евра по овој основ.  Најавата на владата побогатите, кои земаат плата над 60 илјади денари , да плаќаат персоналец од 18, наместо како до сега од 10 отсто,  може само да ги натера да го преселат бизнисот во друга земја, или пак да мигрираат во странство.. Според пресметките, само 2% од популацијата во земјата земаат плата над 1,000 евра, а  1 осто над 4,000 евра.

 Прашањето е кој се добива плата над 1,000 евра? Тоа се информатичари и лекари, кои може да се случи лесно да мигрираат во друга земја, каде што се дефицитарен кадар и кои таму  би земале многукратно повеќе отколку кај нас и второ , според податоците кои ги објави министерстото за финансии само 1% од популацијата или 66 лица земаат годишно над 500 илјади евра. Постојат сметководствени методи како да се избегне плаќањето повисоки даноци, изјави Марјан Петрески, универзитетски професот.

Експертите пропорачуваат  пред да се воведе прогресивното одданочување, да се направи темелна анализа какви ќе бидат ефектите врз сиромаштијата  и нееднаквоста.

Дали  може да се каже дека некој што зема плата од 500 евра е богат?. Во овој момент на развој на македонската економија, Владата треба да се фокусираа како да се создаде повисока додадена вредност , од која бенефит би имале сите граѓани,  а потоа да се размилува за поголемо одданочување, додава Петрески

Вчера од финансии изјавија дека се прават последниоте пресметки дали воведувањето на прогресивното одаданочување ќе стратува оваа или наредната година. ДДВ то и данокот на добивка остануваат непромернети, но оставаат простор за  зголемување на придонесите.