Македонија
9. December 2018 - 16:18

Експерти: Заканите на Каракачанов се само обид за политички поени и привлекување внимание

Наместо пријателство, изјавата на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, создава непријателство.. Македонското министерство за надворешни работи смета дека негирањето на македонскиот јазик согласно Преспанскиот договор е негативен круг за меѓусебно оддалечување.

„Потпишавме договор за пријателство и ќе градиме пријателство, но тоа подразбира меѓусебно разбирање, почит и грижа за интересите на соседот. Република Македонија и понатаму ќе продолжи со својата проактивна, конструктивна и добрососедска политика, во духот и на потпишаниот Договор со Бугарија и на европските вредности по кои се водат двете земји“, соопштува Македонското министерство за надворешни..

Каракачанов преку фејсбук му се обрати на премиерот Заев за договорот со Грција според кој се гарантира постоењето на македонскиот јазик. Според бугарскиот вицепремиер македонскиот јазик не постои и оти нема да дозволи негово тајно воведување..

„Македонскиот јазик кој не е признаен од никого како официјален јазик, не може да се смета како таков на целата територија на Северна Македонија. Северна Македонија е географско име кое вклучува и територија на Република Бугарија. Заев во тој контекст утре може да побара употреба, целосно идентичниот бугарски дијалект да биде изучуван како официјален странски јазик и кај нас, што е недозволиво и провокација“, напиша Каракачанов.

Ваквата изјава на бугарскиот министер за одбрана, според аналитичарите тоа е само обид за политички поени и привлекување внимание. Во изминатиот период вакви изјави доаѓаат и од грчка страна но тоа нема да влијае врз спроведувањето на договорите кои македонија ги потпиша со Грција и Бугарија, сметаат политичките аналитичари..

Во својот статус на фејсбук упатен до премиерот Заев, Каракачанов додава оти Бугарија нема корист од заедничката комисија за историските прашања поврзани со двете држави.

Бугарскиот вицепремиер смета дека таа не е во согласнот со вистината.Според него и во последната листа испратена до комисијата, македонските учебници по историја се уште се националистички и авторитарни.

Каракачанов се сомнева и дека има обид за присвојување на браќата Миладиновци и Цар Самоил.