Македонија
29. November 2015 - 16:36

Eксперти: Заев еден ден ќе тврди дека Верушевски е соработник на странски служби

Неконзистен политичар на кој ставовите му траат најмногу три дена. Претходно тврдеше дека Диво Насеље е сценарио на власта за сега во Љубљана да тврди дека таму оперирале терористи, повратници од ИСИЛ – вака експертската јавност ја коментира изјавата на опозицискиот лидер Зоран Заев дадена во Словенија.

Лидерот на СДСМ по настаните беше и во Диво Насеље каде што се сликаше со албанското население. Според Пандов, со последната изјава Зоран Заев потврдува дека е лицимерен и кон албанците во Македонија.

Пандов вели дека не се сеќава некој политичар да имал толку контрадикторни изјави

Заев по настаните во диво насеље каде животот го загубија 8 пропадници на безбедносните сили фрли сомнеж врз целокупната акција со која полицијата спречи бројни цивилни жртви. И неговите соработници меѓу кои и Петре Шилегов се измеваа со акцијата нарекувајќи ја детска игра Камај. 6 месеци подоцна на меѓународна конференција, Заев ги потврди сите тези на макеоднската полиција.

За информациите на заев дека во терористичката група во Диво насеље биле инфилтрирани повратници од ИСИЛ досега немаше никаква потврда од истрагата. Првиот човек на полицијата два дена не дава одговор дали се точни овие наводи изнесени од лидерот на неговата партија.