Македонија
5. October 2019 - 16:43

Експерти: Враќањето на САД во регионот добра вест - соработка за справување со безбедносните ризици

Зацврстување на односите меѓу Македонија и САД посветени на мирот, безбедноста и просперитетот. Преку твит американскит државен секретар Мајк Помпео ја заокружи посетата во Македонија и од тука замина во Атина.

„Се разговараше за американската поддршка за пристапувањето на Северна Македонија во НАТО и ЕУ, за спроведувањето на Договорот од Преспа и економскиот развој со претседателот Пендаровски на прекрасното Охридско Езеро. Нашите односи ќе станат посилни преку взаемна посветеност кон мирот, безбедноста и просперитетот“, напиша Помпео.

Но, пред оваа охрабрувачка порака, тој вчера директно предупреди дека земјава треба да внимава на обидите на Русија и Кина за наметнување на нивнотот влијание во регинот.

Безбедносните екперти велат дека токму враќањето на интересот на САД за Блаканот, целосна интеграција на регионот во Европската Унија и НАТО, како и затворањето на отворените прашања што ги имавме со Грција и Бугарија се добра основа за тоа државата успешно да се справи со безбедносните ризци. Но, тоа не е доволно. Професорите велат дека решението е во департизирање на разузнувачките служби и соработка со службите од регинот.

Потврдуваат дека земјава изминатиов период била цел на хибридна војна.

Заедничка битка е решението и за бугарските екперти

За време на изборите во Македонија во голема мера целата хибридна војна се водеше од територијата на Бугарија бидејќи таму се наѓаше седиштето на руското разузнавање. Така што од таа гледна точка јас се приклучувам на мислењето на колегите дека ние треба заедно да се бориме, затоа што иднината, како на Бугарија, така и на Македонија е во ЕУ и НАТО, смета Татјана Дрозина, професор на Државниот софиски универзитет.

Дронзина вели дека и Бугарија се справува со истиот ризик, а руското влијание најчесто се гледа преку кушување на медиуми и основање на политички партии, кои како што вели, не работат за националните интереси.