Македонија
30. December 2016 - 16:23

Експерти: СЈО за една година не покрена сериозни предмети - нема основа за продолжување на мандатот

Денеска се навршува една година откако лидерот на опозицијата Зоран Заев ги достави прислушуваните разговори до Специјалното јавно обвинителство.. Врз основа на овие материјали обвинителството на Јанева се очекуваше  независно и непристрасно да ги разреши дилемите отворени со објавувањето на така наречените опозициски бомби..

Но една година подоцна според експертската јавност јасно е дека СЈО не одговори на предизвикот, отворајќи случаи единствено против челниците на ВМРО ДПМНЕ со цел да се наштети на нивниот углед, партискиот и рејтингот на партијата..

Цела година по добивањето на материјалите СЈО успеа да оформи само едно обвинение и тоа за наводни насилства во општината Центар кои никогаш не се реализирале..

Од самиот почеток на работата на СЈО го следеа низа скандали - почнувајќи од необјаснетото отпуштање на две од обвинителките кои првично беа именувани, продолжувајќи со тактизирањето на Заев со предавањето на материјалите а кулминирајќи со одбивањето на СЈО да даде отчет за своето финансиско работење.. Јанева во септември годинава одби да одговори пред пратениците како ги троши 4те милиони евра доделени како буџет..

За експертите сето ова е јасен показател дека оваа институција која според правниците е спротивна на Уставо,т не треба да очекува продолжување на својот мандат..