Балкан
8. November 2016 - 12:44

Експерти: Реконструкцијата на грчката Влада е беспредметна без промена на економската политика

Реконструкцијата на владата ќе биде беспредметна доколку не се промени катастрофалната мешавина на економските политики на кредиторите што резултираше со тековните мрачни промени во економската ситуација, изјави Василис Кордикис претседател на Грчката конфедерација на комори и претприемништво (ЕСЕЕ).

Тој рече дека приоритети на новата Влада се намалување на прекумерните даноци, уредување на пазарот на внатрешниот долг, ликвидноста, системот за социјална заштита, социјалниот дијалог и формирање на фер и пријателска бизнис средина, со цел малите и средни претпријатија да реализираат иницијативи кои ќе ја зголемат вработеноста и конкурентноста.

- Но, во сегашните услови сето тоа ќе остане пуста желба, се додека не се реконструираат политиките за штедење на доверителите, истакна Кордикис.