Македонија
26. March 2018 - 22:29

Експерти: Предложените реформи на безбедносните служби нема да донесат резултати

Законските измени кои се подготвуваат нема да значат суштинска реформа на безбедносните служби, ниту пак ќе гарантираат целосна контрола на институциите кои имаат можност за прислушување. Дел од правните експерти, на денешната јавна дебата за преглог реформите преупредија дека концептот на новата агенција ОТА, всушност нема да биде одржливо решение.
 
Екс министерот за внатрешни работи, Павле Трајанов вели дека неговиот концепт за реформа суштински се разликува од она што сега го предлага владата.
 
За Трајанов дополнителен проблем е идејата за контрола на овие служби. Решението кое се предлага, смета дека нема да ја постигне суштината.
 
Токму недоволно јасните правила на контрола на службите за безбедност се причината поради која и професорката Мирјана Најчевска, смета дека новата ОТА агенција не и дава надеж за системско решение кое ќе спречи злоупотреба на службите.
 
Најчевска потенцира дека се уште најголем проблем во Македонија е тајноста на делување на овие институции.
 
За демократска контрола над безбедносните служби е потребно и развиена свест на инситиртуциите.
 
Со најавените реформи, се предвидува посебна агенција да го контролира прслушѓувањето, за чија контрола пак ќе бидат задолчжени пет независни иституции.